Изложба „Поместени граници“ во МКЦ
Изложба насловена „Поместени граници“ ќе биде отворена вечер во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.
- Граница е нешто што сугерира на статичност и постојаност, додека поместување наговестува неминовно движење, можеби, но не и со сигурност конфликтно, во секој случај поместување од динамичка природа. Идејата за бришење на линијата која современиот ликовен медиум го дели од класичната ликовна уметност, со појдовна точка од концептуалното размислување, наидува на конвенционален творечки пристап, па сходно на тоа, целта на овој проект е да и се прикаже на пошироката публика, новиот аспект на актуелното ликовно истражување, соопшти Друштвото на ликовни уметници на Македонија.
На изложбата ќе бидат претставени дела од авторите Анастасија Пандиловска, Филип Фидановски, Маја Кировска, Кристијан Тодоров, Јелена Лалиќ, Игор Таневски, Светлана Волиќ, Ана Цицовиќ и Ејприл Дауша.
Куратор на изложбата е претседателот на ДЛУМ, Христијан Санев.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк