Изложба по повод 25 години независност на Република Македонија
„Дваесет и пет години независна Македонија“ е насловот на изложбата што денеска ќе ја промовира Државниот архив на Република Македонија по повод 25-годишнината од независноста.
Изложбата ја сочинуваат 25 банери на кои се претставени документи и фотографии од изминатите 25 години и го опфаќаат секој сегмент од општествено-политичкиот развој и живот на државата, како што е процесот на осамостојување, првите важни акти, спорт, култура, уметност итн.
Изложбата ќе биде поставена на плоштадот Македонија до 20 часот, а потоа е предвидено да патува низ плоштадите на град Скопје и општините во Република Македонија.
Покрај банерите, минувачите ќе можат да ги разгледаат изданијата на Архивот и да купат книги и примероци од Специјалната едиција на документи верни на оригиналот.
Средствата од продажбата ќе се донираат за лицата што претрпеа штети од поплавата на 6 август годинава.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи