Македонија
1. December 2016 - 8:34

Изложба по повод 15 години од Договорот за сукцесија

Државниот архив на Република Македонија денеска во Музејот на македонската борба за државност и самостојност ќе ја претстави изложбата „Историја на наследството“ (Словенија и сукцесијата по распаѓањето на Југославија), која е посветена на 15 години од Договорот за сукцесија.

Изработена е од Архивот на Република Словенија во соработка со словенечкото Министерство за надворешни работи, Народното собрание на Словенија, Канцеларијата за комуникации при словенечката Влада, Националната галерија, РТВ Словенија, Фондот за сукцесија и високиот претставник на Словенија за прашања од сукцесијата.

Изложбата се состои од 13 паноа, со големина од 80 на 120 см, и два банера, на кои се прикажани повеќе документи од Фондот за сукцесија на Република Словенија, поделени во повеќе теми.

Изложбата првпат беше промовирана на 7 јуни 2016 година во Љубљана на Меѓународната конференција „Договорот за прашањата за сукцесија - 15 години подоцна“. Во Скопје изложбата ќе биде отворена за јавноста до 15 декември 2016.