Македонија
14. December 2017 - 9:15

Изложба од теренски истражувања во Порече на полскиот етнолог Обремски

Во Музеј на Македонија денеска напладне ќе биде отворена изложбата „Поречаните. Македонско Порече 1932-1933 во етнографската документација на Јозеф Обремски“ во соработка со Амбасадата на Република Полска во Скопје.
 
На изложбата се прикажани уникатни фотографии и теренски записи на полскиот етнолог Јозеф Обрембски (1905-1967), кој вршел теренски истражувања во Порече и таму поминал  повеќе од половина година - од средината на август 1932 до март 1933 година.  Поголемиот дел од тој период живеел во селото Волче. 

Специјален гостин на отворањето на изложбата ќе биде авторот на изложбата, проф. Ана Енгелкинг од Полската академија на науките, а ќе има и музички дел во кој ќе настапи фолклорниот ансамбл „Македонија“.