Македонија
26. October 2017 - 8:40

Изложба на женски градски носии од османлискиот период во Македонија

Во Музеј на Македонија вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба „Женски носии од османлискиот период во Македонија“.

- Оваа изложба го одразува културното богатство на османлиската цивилизација во Македонија и ќе биде отворена за посета во период од еден месец, соопшти Институт „Јунус Емре“ - Турски културен центар Скопје, кој изложбата ја организира во соработка со Музеј на Македонија.