Македонија
4. March 2016 - 8:30

Изложба на слики од ликовната колонија НИЖОПОЛЕ

Во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ вечер ќе биде отворена изложбата на дела од 16 издание на меѓународната ликовна колонија НИЖОПОЛЕ.

На увид пред ликовната јавност ќе бидат 20 дела од 20 автори уметници учесници од земјата и од Бугарија, Канада ...

Прилепските љубители на ликовната ументост ќе можат да ги проследат сликите создавани од реномирани уметници како што се Данчо Ордев, Павле Кузманоски, Илија Кочоски, Тома Мишев, Тони Чатлески, Бојана А. Трпческа, Драган Најденоски, Мајкл Клос (Канада) Цвета Петрова (Бугарија), Касиопеа Наумоска....

Почетоците на колонијата НИЖОПОЛЕ датират од 2000 година и се во убавата природа на Нижополе, за потоа неколку години да биде патувачка и да се одржува во Крушево, Берово, а од 2012 творците  продолжуваат секој јули да се дружат и творат на Молика.