Изложба на скулптури „Музички орнаменти“ на Емил Солески
Академскиот скулптор Емил Солески синоќа пред домашната, прилепската публика во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ се претстави со тематската изложба на десетина скулптури, насловена „Музички орнаменти“. Станува збор за изложба преку која скулпторот Солески создава апстрактно асоцијативни форми и облици во мермер.
– Изложбата не случајно е со тематски наслов „Музички орнаменти“. Делата се резултат на мојата преокупација со музиката уште од мали нозе, рече Солески.
Според Викторија Димеска, историчар на уметност скулптурите на Солески се сведени на елементарни структури со заоблена органска форма, чии асоцијативни содржини произлегуваат од вредноста на скулпторскиот материјал.
-Овие прочитстени, јасни и едноставни облици асоцираат, односно симболизираат архаични и дамнешни примитивни звуци кои некогаш вдахнувале живот при секое нивно реализирање и отелотворување преку гласот, звукот и танцот, рече Димеска.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација