Македонија
26. September 2018 - 14:39

Изложба на ретки речници во општина Демир Хисар

Со изложба на ретки речници, дел од нив стари и по повеќе од еден век, кои се дел од архивата на библиотеката „Ал-Би“ од селото Бабино, денеска во општина Демир Хисар беше одбележан Светскиот ден на јазиците.

На промотивниот настан што се одржа во Основното училиште „Гоце Делчев“, пред учениците и наставниците, сопственикот на библиотеката „Ал-Би“, Стево Степановски, одржа стручно предавање на тема „Речникот – библија на јазикот“, а под истиот наслов беше отворена и изложбата на ретки речници.

- Сите јазици имаат заедничка црта, но и сите меѓусебно се разликуваат. Издавањето речник е подвиг, општествено е потреба, а национално е гордост. Денешнава изложба под мотото „Речникот - библија на јазикот“, има за цел да го поттикне интересот за проучување на јазиците, кои ќе помогнат да се учи онолку колку што се сака, истакна Степановски.