Македонија
16. April 2016 - 12:59

Изложба на расни кучиња

На терените на Негорски Бањи во близина на Гевгелија денеска и утре се одржува меѓународна изложба на кучиња од сите раси „Гран при Гевгелија 2016“ која ја организира кинолошкото друштво „Кожуф“. 

Според организаторот, изложбата добила висок меѓународен рејтинг кој го потврдува масовното учество на претставници од 16 земји од Европа. Тие со своите четириножни миленичиња ќе се борат за престижните награди и признанија.

Учесниците и посетителите на традиционалната ревија на расни кучиња ги поздрави градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов, кој изрази задоволство од организацијата, атмосферата и амбиентот на терените на Негорски Бањи.

- Особено ме радува што изложбата на расни кучиња последниве години привлекува се поголем број гости од земјава и од странство затоа што придонесува и во промовирањето на општина Гевгелија и нејзините можности за развој на туризмот, рече Франгов.