Македонија
4. April 2017 - 8:32

Изложба на Омер Калеши во галеријата на МАНУ

Во Изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите вечер од 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од сликарот со македонско потекло и светска кариера Омер Калеши, кој пред три години доби Медал за заслуги за Македонија од претседателот Ѓорге Иванов. 

Омер Калеши е роден во кичевското село Србица во 1932 година. Матурирал во средното техничко училиште во Скопје, а во 1956 година емигрирал во Турција. Во 1965 завршил студии на Ликовната академија во Истанбул. Се преселил во Париз каде што и денес живее и работи. Имал голем број изложби во Македонија и низ  светот.

МАНУ соопшти дека на отворањето на изложбата на Калеши ќе се обратат претседателот на Академијата Таки Фити, академиците  Газанфер Бајрам и Луан Старова и архитектот Климе Коробар.