Македонија
1. December 2016 - 8:38

Изложба на македонски автори учесници на Остен биеналето на цртеж Скопје 2016

Во Галеријата Остен од денеска до 8 декември ќе бидат изложени делата на македонските автори кои учествуваа на Остен биеналето на цртеж Скопје 2016.

Организаторите најавија дека втората поставка ќе ја одбележат најновите достигнувања на Ивана Настески, Натали Николовска, Јасминка Новковска, Душан Перчинков, Панде Петровски, Славчо Спировски, Марија Светиева, Дарко Талески, Славица Танеска, Ана Трајковска, Мирослава Микица Трујкановиќ, Лидија Вујисиќ, Мирко Вујисиќ, Ниче Василев и Васил Василев.

Изложбата може да се посети секој работен ден од 9 до 17 часот, а во сабота од 10 до 14 часот.