Изложба на карикатури и концерт на ансамблот „Серенада” во Домот на култура „Илинден“
Изложба на карикатури кои се дел од светскиот Фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, што традиционално секоја година го организира Домот на култура „Тошо Арсов“ од Виница, отворена е во Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден.
Изложбата, како што соопшти општина Илинден, ја отворија академскиот сликар Новица Трајковски и директорот на Домот на култура „Тошо Арсов“, Славчо Данев.
На изложбата се претставени 50-на карикатури на познати светски автори, а меѓу нив и првонаградената на фестивалот во Виница, чиј автор е Клаус Питер од Австрија.
Вечерта беше збогатена со концерт на ансамблот за староградски песни „Серенада”, кој веќе осум години функционира при Домот на култура „Тошо Арсов” во Виница, а е составен од академски музичари и музичари аматери.
На присутните во Домот на култура „Илинден“ тие им се претставија со староградски песни од повеќе краеви на Македонија, со посебен акцент на виничкото староградско наследство.
Како вовед во концертот на „Серенада“, со сплет од повеќе ора настапија младите играорци од Ансамблот за народни песни и игри „Илинден“.
Изложбата ќе биде отворена до 2-ри ноември годинава.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите