Изложба на карикатури и концерт на ансамблот „Серенада” во Домот на култура „Илинден“
Изложба на карикатури кои се дел од светскиот Фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, што традиционално секоја година го организира Домот на култура „Тошо Арсов“ од Виница, отворена е во Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден.
Изложбата, како што соопшти општина Илинден, ја отворија академскиот сликар Новица Трајковски и директорот на Домот на култура „Тошо Арсов“, Славчо Данев.
На изложбата се претставени 50-на карикатури на познати светски автори, а меѓу нив и првонаградената на фестивалот во Виница, чиј автор е Клаус Питер од Австрија.
Вечерта беше збогатена со концерт на ансамблот за староградски песни „Серенада”, кој веќе осум години функционира при Домот на култура „Тошо Арсов” во Виница, а е составен од академски музичари и музичари аматери.
На присутните во Домот на култура „Илинден“ тие им се претставија со староградски песни од повеќе краеви на Македонија, со посебен акцент на виничкото староградско наследство.
Како вовед во концертот на „Серенада“, со сплет од повеќе ора настапија младите играорци од Ансамблот за народни песни и игри „Илинден“.
Изложбата ќе биде отворена до 2-ри ноември годинава.
Ново на Сител
-
Силекс со убедлива победа ја заокружи есенската сезона
-
Ангеловска: Граѓаните можат да добијат и до 20.830 евра субвенција преку „Купи куќа, купи стан“
-
Заев: Законот за јазици ќе се ревидира согласно мислењето на Венецијанската комисија
-
Трамп: Не користам личен мобилен телефон со години
-
Во Франција продолжува генералниот штрајк
-
Двајца потешко и десет полесно повредени во сообраќајката на патот за Копаоник
-
Ангеловска: МојДДВ #Моја награда ќе доделува по десет парични награди на дневно ниво
-
Понеделник е неработен ден