Македонија
5. July 2017 - 12:14

Изложба на Иво Пецов во Гевгелија

Во уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија беше отворена самостојна изложба на академскиот сликар Иво Пецов од Кочани која гевгеличани ќе можат да ја посетуваат до 10 јули.

Пред многубројните посетитетли, изложбата на Пецов ја отвори Мирјана Крстева-Масети која во своето обраќање истакна дека авторот во своите дела го раствора имагинативниот свет при што се појавуваат слики од наземни пространства.

- Сцените од тие светови со некарактеристични форми на живот, имаат цел да не втурнат во доживување на една друга димензија. Преку сликите авторот ја потенцира можната разновидност на реалноста и ја посочува загадочноста и неопределеноста на границите на животот, рече Крстева-Масети.

Иво Пецов е роден 1980 година во Кочани. Средно уметничко училиште завршил во Скопје, а дипломирал на Националната уметничка академија во Софија каде и магистрирал на специјалноста графика. Досега организирал 13 самостојни изложби во Македонија, Бугарија и Португалија.