Изложба на Христина Смилкова во Гевгелија
Во Гевгелија е отворена изложба на уметнички дела од Христина Смилкова која е лице со попреченост во развојот. Настанот го организираа Центарот „Мајка Тереза“, нејзинте родители и Домот на културата од Гевгелија.
Пред јавноста се претставени 20 дела на Христина, изработени со молив и акварел, како и нејзини рачни изработки од срма, плетени и везени предмети направени на креативна работилница во центарот „Мајка Тереза“.
–Христина е девојче кое живее и твори во светот на аутизмот. Таа има 15 години и е одлична ученичка во основното училиште „Владо Кантарџиев“.Преку нејзините уметнички дела може да се види како таа го доживува светот околу себе. Сите ние треба да ги разбереме овие личности, да навлеземе во нивниот свет и да ги почитуваме како еднакви на сите нас, истакна Нада Јованова од центарот „Мајка Тереза“ од Гевгелија кој згрижува 34 деца со посебни потреби.
Изложбата на Христина Смилкова е продажна и предизвика внимание кај гевгелиската публика. Средствата од продадените дела и предмети ќе бидат наменети за потребите на децата од центарот „Мајка Тереза“.
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово