Македонија
23. December 2015 - 11:32

Изложба на Христина Иваноска и Јане Чаловски во Кипар

Во кипарскиот град Кирениа од денеска до 4 јануари ќе биде отворена е изложбата „Ние сите сме сами во ова“, а воедно ќе биде промовирана и книга од овогодинешните претставници на 56. Биенале во Венеција, Христина Иваноска и Јане Чаловски.

„Ние сите сме сами во ова“ од Христина Иваноска и Јане Чаловски ја проучува и ја спори претставата за вербата во денешните истовремени и многукратни општествено-политички состојби. Проектот упатува на низа сложени извори: остатоците од фрескоживописот од црквата Св. „Ѓорѓи“ во Курбиново, живописана во дванаесеттиот век од непознат зограф, како и делата од Симон Вејл, Лис Иригаре и неодамна откриените лични белешки од Пол Тек од 1970-тите години.

Проектот, исто така, го вклучува и краткиот филм на Јане Чаловски „Детал“ (1999/2015) кој се однесува на вербата, не само како емоционална и интелектуална состојба, туку исто така и како современа општествено-политичка аномалија, како и најновото рачно извезеното дело на Иваноска „Однасловено (За имагинацијата и желбата)“, а кое пак рефлектира на денешниот социо-политички и културен контекст.

Еден од составните делови на проектот „Ние сите сме сами во ова“ е книгата чие публикување на англсики јазик беше овозможено со поддршка на Арт Роомс, Кираниа.

Книгата го анализира и евидентира влогот во проектот преку текстовите на Маја Неделкоска Брзанова, Елке Красни и Себастијан Цихоцки, како и разговор меѓу уметниците и кураторот. Текстуалните прилозите на Ен Барлоу, Ксенија Чочкова, Славчо Димитров, Бранко Франчески, Омар Колеиф, Андерс Кројгер, Новембер Пејнтер, Ана-Каиса Растенбергер, Дирк Теубер, Џалал Туфик и Ејал Вајзман отелотворуваат различни перспективи на вербата и се придружени со цртежи од уметниците. Англиското издание на книгата беше дизајнирана од Ерхан Муратоглу, издадена од Националната галерија на Македонија, а печатена во Мас Матбаа, Истанбул.