Изложба на фотографии од браќата Манаки во Каен, Нормандија
Во музејот Меморијал во Каен, Нормандија, вечер се отвора изложбата „Фотографското творештво на браќата Манаки во контекст на Првата светска војна“ од авторот Роберт Јанкулоски.
Изложбата, која ќе трае цели шест месеци, до 4 септември, се очекува да ја видат најмалку 150.000 лица. Ќе презентира 101 фотографија од браќата Манаки репродуцирани со дигитализирање и обработка на стаклените плочи кои се чуваат во Подрачното одделение на Државниот архив на Македонија во Битола.
Фотографиите се од периодот 1905 - 1936 година, а го прикажуваат животот во Битола за време на Првата светска војна, но и на француските војници кои во тој период биле таму.
„Фотографското творештво на браќата Манаки во контекст на Првата светска војна“ ќе ја отворат француската амбасадорка Лоренс Оер, градоначалникот на Каен Жпел Брино и директорот на Меморијал Стефан Грималди.
Авторот Роберт Јанкулоски, професор по фотографија и директор на Македонскиот центар за фотографија, со изложбата во Каен го заокружува своето 20-годишното истражување на фотографското творештво на браќата Манаки. Јанкуловски изготвува и монографија за Манаки која би требало да биде готова кон крајот на овој месец, а ќе се промовира во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“, но и на изложбата во Франција. Монографијата има 160 страници и 120 репродуцирани фотографии.
Ново на Сител
-
Приведен косовец, пронајдени седум мигранти на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога
-
Автомобил „форд“ излетал од патот Ресен - Битола, тешко повреден 68 годишен битолчанец
-
Уапсен 44 годишен тетовец, кај него пронајдена дрога
-
Притвор за Весиќ, Танасковиќ и 11 осомничени, по едно лице издадена потерница
-
Македонски автобус се излизгал вчера по обилните врнежи во Србија
-
Медведев: Русија не сака да употреби нуклеарно оружје
-
Во Мајами уверени дека Меси ќе остане во клубот до 2026 година