Изложба на фотографии од Алек Билбилоски
Во центарот „Јавна соба“ вечер ќе биде отворена изложбата „Деновите на Тетрис“ на Алек Билбилоски.
Изложбата е вешто осмислена компилација на фотографии регистрирани со аналоген фотоапарат, каде што во претставените интимни ситуации, едни се покогнитивни и се истовремено општествено прифатливи, додека оние кои се разликуваат, не се посакувани или се сметаат за крајно провокативни.
- Бимбилоски, кој моментално живее и работи во Охрид, живеејќи во светски културни центри како Париз, Њујорк и Истанбул, успева да ги отслика миговите и животот на поединци во една субкултура, во едно поранешно време кое со својата оригиналност е предвесник и е од суштинско значење за развитокот на културните моменти и денешната субкултура којашто е делумно прифатена. Во исто време авторот ја задржува и врската со своите корени во Македонија и преку одредени симболики компарира и поттикнува дебата и буди спомени, велат од Центарот „Јавна соба“.
Алек Бимбилоски има објавувано фотографии на групните изложби „Модерна Турција“ - Petit Palais Paris, „Сонот и градот" - Центар на Модерна Уметност Le Blanc Mesnil, „Борба"- Antwerp, како и за списанијата „L'Officiel“ - Париз, „Jalouse"- Париз, „Vogue"-Италија и "Flaunt"- Њујорк.
Центарот „Јавна соба“ е отворен секој ден од 9 до 24 часот, а влезот за посетителите е бесплатен.
Ново на Сител
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден