-->
-->
Изложба на Фатмир Ставилеци во КИЦ-Скопје
-->
Во Изложбениот салон Империјал 1 во Културно-информативниот центар вечер ќе биде отворена изложба на слики од уметникот Фатмир Ставилеци.
Ставилеци (1947) по завршувањето на основното и средното (учителско) образование, во 1967 година се запишал на Виша педагошка, отсек ликовно воспитување во Скопје. Работел како наставник по ликовно образование, а завршил и Ликовната академија во Приштина, отсек сликарство, во класата на проф. Тахир Емра.
Самостојни изложби имал во Скопје, Љубљана и во Ново Место. Од 1993 до 2016 учествувал на десет групни изложби во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар и Струга.
Изложбата на Ставилеци во КИЦ ќе биде отворена до 28 ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица