Македонија
11. December 2015 - 8:38

Изложба на Данчо Ордев во Прилеп

Во галеријата од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечер ќе биде отворена изложбата „Енергија“ од уметникот Данчо Ордев.

Академискиот сликар Ордев пред прилепчани ќе се претстави со 30 творби – апстракции кои се пресек на неговото творештво од последните три години.

Делата на Ордев се дел од циклусот кој уметникот почнал да го создава од 1995 година и досега го развивал и творечки го надградувал.

Данчо Ордев е роден во Скопје. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Самостојно изложувал во земјава и во Хрватска, Белгија, а учествувал и на групни изложби и на ликовни колонии во Македонија и во странство.