Изложба на астрофотографии за јубилејните 20 години на Скопско астрономско друштво
За да го одбележи јубилејот – 20 години постоење, Скопското астрономско друштво утре во Домот на АРМ, во 20 часот, ќе ја отвори изложбата на астрофотографии „20 години низ објективот на Скопското астрономско друштво“.
Скопското астрономско друштво ќе ги презентира најновите астрофотографии, изведени во разни техники за фотографирање на ноќното небо и небесните објекти.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и Министерството за одбрана, ќе трае до 16 декември, а влезот е слободен.
Скопското астрономско друштво е важен двигател на неформалното образование во државата, како и важен глас за популаризација на науката, посебно на астрономијата и астро-физиката. Во изминатите две декади одржа бројни курсеви по астрономија, стотици предавања и теренски набљудувања за сите љубители на астрономијата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација