Македонија
8. February 2017 - 8:25

Изложба на астрофотографии „Поглед во недоглед“

Во Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена изложба на астрофотографии насловена „Поглед во недоглед“.

На изложбата, што ја организира Скопското астролошко друштво, ќе бидат претставени фотографии од ѕвездени траги, ноќни пејсажи, објекти од Сончевиот систем, бројни маглини и ѕвездени јата, блиски и далечни галаксии.

Фотографиите се направени од членовите на друштвото на локации во Македонија и Европа во изминатите три години.

- Границата на можности на човечкото око е очигледна при набљудување на ведрото ноќно небо. Сè што може да се види се неколку илјади ѕвезди, тесна магловита структура која се простира од хоризонт до хоризонт, неколку планети, а неретко метеори и сателити. Оние кои знаат каде да погледнат, на доволно темно небо можат да видат и две соседни галаксии. Сепак, овие глетки се доволни за да поттикнат возбуда, љубопитност и желба да се посведочат промените и процесите кои нашите очи не можат да ги видат, велат од Скопското астролошко друштво. 

Изложбата е помогната од Музејот на град Скопје, а влезот е бесплатен.