Изложба на анимирани дела од македонски автори
Анимирани дела од македонски автори ќе бидат претставени на изложбата „Нација на Анимација“, која вечер во 19 часот ќе биде отворена во галеријата на Кинотеката на Македонија.
Ќе бидат презентирани 11 проекти - филмови и видеоигри изработени од професионални автори, но и од студенти. Изложбата ќе биде отворена со проекција на кратки анимирани филмови од современи македонски автори.
Организатор на настанот е македонскиот огранок на Меѓународното друштво за промоција на анимацијата - АСИФА Македонија, со поддршка на Министерство за култура.
Катарина Блажевска-Угарковиќ, претставник на АСИФА Македонија и организатор на изложбата, истакнува дека проектот го посветуваат на македонските творци во анимираната уметност со цел да покажат дека кај нас анимираната сцена е прилично активна и дека не заостанува зад остатокот од светот.
- И не само во Македонија. Веќе со години нашите студија за анимација соработуваат со светот и ја вметнуваат Македонија како активен партнер на големи анимирани проекти. Оттаму и дојде идејата за ваков проект, каде ќе покажеме дека нашите креативни херои работат и оригинални македонски производи, вели Блажевска-Угарковиќ.
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога при претрес во Струга
-
Лукман: Покажавме дека можеме да се носиме со Реал Мадрид
-
Оклахома го совлада Далас и се пласираше во полуфиналето на НБА Купот
-
Норвешка нема да гласа за домаќини на СП 2030 и 2034
-
Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците
-
Започна седницата на Уставен, отсутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари
-
Уапсена 29 годишна гостиварчанка, пронајдена дрога, пушка и муниција | ФОТО
-
Четири килограми марихуана и амфетамин пронајдени кај 27 годишник во Драчево | ВИДЕО