Изложба и музички перформанс на францускиот уметник Рено Рулман
Галеријата „Остен“ вечерва од 20 часот организира самостојна изложба „Време е за чај“ и музички перформанс на францускиот мултимедијален уметник Рено Рулман кој ќе ги претстави своите графики-цијанотипии.
„Циклусот „Време е за чај“ е серија на цијанотипии, специфичен фотографски графички процес со кој се продуцираат цијано-сини графики. Како фотограф на аналогна фотографија, Рулман ќе се претстави со 30 цијанотипии – како омаж на оваа техника (1842 г.), преку кои ќе покаже како да се направат копии од растенија како хербариум. Се работи за мешавина од сликарство, фотографија и геометрија. Дополнително, уметникот ќе изведе музички перформанс со генерирање музика од македонски цвеќиња на отворањето на изложбата“, соопшти „Остен“.
Рено Рулман (1982) е француски аналоген фотограф кој има специјализирано на музичка фотографија и архитектура. Во текот на десет години работи со неколку мизичари, брендови и простори во музичката индустрија и соработува со градители и креатори на стара органска архитектура. Тој користи стара техника на црно-бели филмови и е посветен на создавање цијанотипии со кои создава архива на растенија со кои ја зачувува убавината на природата.
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор