Македонија
27. July 2015 - 9:13

Изложба, филм и концерт на „Крушево етноград“

Во рамки на манифестацијата „Крушево етноград“ денеска напладне ќе биде отворна изложба на филигран од срма на Флора Педрони.

Во 18 часот во „Влашката соба“ премиерно ќе биде прикажан филмот „Животот на Исус Христос“ синхронизиран на влашки јазик, а од 20 часот на плоштадот во Крушево концерт ќе одржи етногрупата „Љубојна“.

На „Крушево етноград“ вчера се одржа саем  под мото „Домашно е, од Крушево е…“, на кој крушевските домаќинки се претставија со свои специјалитети, а вечерта беше промовиран проектот „Денови на влашката култура“.