Изложба „Допир на огнот – приказна за стаклото од музејските збирки на Црна Гора“
Во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Допир на огнот – приказна за стаклото од музејските збирки на Црна Гора“.
„Допир на огнот – приказна за стаклото од музејските збирки на Црна Гора“ го претставува неисцрпното богатство на артефакти од стакло од антиката до денес, откриени во текот на археолошките истражувања на бројни локалитети во повеќето градови од Црна Гора: Рисан, Котор, Бар, Пљевља, Будва, Беране, Херцег Нови, Улцињ, Даниловград, Котор и Подгорица.
На изложбата преку фотографии и текстуални појаснувања е претставен развојот на стакларството и презентирани се нешто повеќе од 100 разновидни предмети од стакло, кои се изложени во црногорските музеи или скриени од погледите на јавноста се чуваат во депоата од речиси сите музеи или приватни збирки во Црна Гора. Акцентот е ставен на античката и средновековната епоха кои оставиле зад себе исклучителни дела на занаетчиски и уметнички обработени предмети од стакло со сакрална или профана намена.
Предметите од стакло презентирани на оваа изложба се изработени во техниките на лиење и дување и украсени со различни декоративни техники што упатува на високите уметнички дострели на стакларските работилници во развиените градски центри, како и стакларската продукција на помалите провинциски работилници.
Изложбата ќе биде отворена за посетителите до шести октомври 2019 година.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата