Македонија
5. May 2019 - 15:45

Излезноста во општина Гевгелија до 15 часот над 46 отсто

До 15 часот на територијата на општина Гевгелија во вториот изборен круг за претседател на државата гласале 8.934 граѓани или 46,5 отсто од запишаните избирачи, соопштија од ОИК Гевгелија.

Во општина Валандово, пак, правото на глас до 15 часот го оствариле 3.873 граѓани што е 38,9 отсто од евидентираните гласачи.

На 12 избирачки места во општина Богданци, во фер и демократска атмосфера, гласачкото право го искористиле 2.658 граѓани или 39,3 отсто, додека на осум избирачки места во општина Дојран до 15 часот на гласање излегле 1.152 граѓани или околу 42,4 отсто.