Македонија
31. October 2021 - 9:41

Излезноста до 9 часот е 5,11 отсто

Според последните податоци објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, до 09:00 часот вкупно гласале 64.196 гласачи. Излезноста е 5.11% од 91,89% обработени податоци.

Овој пресек покажува дека Ранковце е општина со највисока излезност, 15,23 отсто, Конче 13,14 %, Пехчево 13.73%, Зелениково 11.74%, Кратово 10.86%, Пробиштип 11.05%, Демир Хисар 10.91%, Вевчани 12.58%, Ресен 9.18%, а најниска Сарај со 1,64% излезност.