Македонија
17. October 2021 - 19:32

Излезноста до 18:30 e 49,19%

Според последните податоци објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, до 18:30 часот правото на глас го оствариле 49,19 отсто.

Досега вкупно гласале 808.268 гласачи.

Овој пресек покажува дека Лозово е општина со највисока излезност, 76,59 отсто, најниска Центар Жупа со 25,60 % излезност.