Македонија
5. May 2019 - 13:53

Излезноста до 13 часот изнесува 20.73%

Државната изборна комисија (ДИК) информираше дека до 13 часот излезноста на изборите е 20,73 % или досега гласале 359.024 избирачи.

Крива Паланка, Крушево, Прилеп и Кратово се засега општини со најголема излезност, а со најмала остануваат Врапчиште и Желино.

Гласањето се врши на 3.480 гласачки места.

За да вечерва се избере претседател потребно е да се постигне цензус од 40%, односно на гласање да излезат 723.253 гласачи.