Македонија
30. September 2018 - 10:28

Излезеноста во Струга 2,38 отсто, во Вевчани околу четири

Излезеноста во општина Струга до 9 часот е 2,38 отсто, информира Општинската изборна комисија.

Од регистрирани 60.169 лица своето гласачко право го оствариле 1.401 лице на 101 избирачко место.

Во општина Вевчани во трите изборни единици до 9 часот и 30 минути гласале 80 лица или околу четири отсто, од 2.038 регистрирани гласачи информира претседателката на Општинската изборна комисија Параскева Гогоска - Кукоска.