Излезеноста во дијаспората до 10 часот е 7,71 процент, во затворите 30 отсто
До 10 часот во 32 дипломатско конзуларните претставништа на нашата земја своето гласачко право на шестите преседателските избори го искористиле 7,71 процент од пријавените 1.781 гласач.
Како што соопшти денеска портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска, најголема излезност до 10 часот има во Сараево каде гласале 22 проценти, Брисел 16,33, Прага 14,58 отсто, а најниска излезеност има во Стокхолм каде гласале 2,13 проценти. Во САД и Канада гласањето ќе започне во 7 часот според нивната временска зона.
-На гласачките места во 13 Казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го сотварат 1640 гласачи. Сите гласачки места во затворите се отворени и до 10 часо гласале 30 отсто од затворениците. Денеска гласаат и седум гласачи кои се водат како внатрешно расселени лица, како и 4.407 граѓани пријавени како болни и 12 во куќен притвор. За првпат се гласа и во два старачки дома во Скопје каде 71 гласач ќе го искористат своето гласачко право, истакна Гугучевска.
Таа на првата прес-конференција од вториот круг, информира дека први своето право во вториот круг на 1 мај го искористиле 200 од 258 гласачи членови на ИО за спроведување на гласањето во странство, односно 77,51 проценти.
Со право на глас на претседателските избори во избирачкиот список запишани се 1.808.131 гласач. Вториот круг ќе го набљудуваат 3.381 домашен и 520 странски набљудувачи, 289 преведувачи и 60 странски новинари акредитирани од ДИК.
Од Државната изборна комисија апелираат до нивните членови да не ја попречуваат работата на медиумите кои ќе ги посетат избирачките места за да снимаат или да земат изјава текот на гласањето.
Одговарајќи на новинарско прашање, Гугучевска рече дека ДИК на јавна седница одлучувала по приговори од првиот круг, каде што се констатирани неправилности, и на 14 избирачки места ги разрешила избирачките одбори. Информираше дека се избрани нови одбори и истите се обучени да го спроведат избирачкиот процес.
Ново на Сител
-
Таткото на Јана: На мониторот за ЕКГ имаше само линија, не знам дали ќе ја заборавам таа слика
-
Родителите на Јана: Се чувствуваме како со пепел да сме полни, ова да не се случи на никого
-
Мајката на Јана: Ситуацијата ѝ се влоши по истекување на половина од инфузијата
-
Нови проблеми за Барселона овојпат од Англија
-
Песочна бура предизвика верижен судир во Србија | ВИДЕО
-
Комисијата даде негативно мислење за употреба на името „Цар Борис III“ во називот на бугарскиот клуб во Охрид
-
Ристески: Селекторот Груби го пушта Ковачевски да игра само наместени натпревари
-
64-годишен струмичанец се обидел да силува 43-годишна жена