Македонија
15. October 2017 - 11:42

Излезеноста до 10 часот во Кавадарци е 12,5 отсто, во Неготино 11,7 отсто, а во Росоман 8,1 отсто

 Во Кавадарци до 10 часот гласале 12,5 отсто од вкупно 32.671 граѓанин со право на глас, а во Росоман до овој период на гласање излегле 275 избирачи или 8,1 процент од 3.410 евидентирани во единствениот избирачки список.

- Засега нема никакви проблеми, очекуваме без проблеми да протече целиот изборен процес, нагласи Зоран Костов, претседател на Општинска изборна комисија Кавадарци.

Надеж дека без инциденти како и досега, ќе помине изборниот ден, изразија и од Општинска изборна комисија Росоман.

- Во Неготино до 10 часот гласале 11,7 проценти од вкупно 16.073 граѓани со право на глас регистрирани во единствениот избирачки список, соопшти Нетка Веселинова, претседател на Општинската изборна комисија.

Таа додаде дека гласањето се одвива без проблеми на сите 27 избирачки места. - Се надеваме дека така ќе биде и до крајот на денешниот изборен ден, нагласи Веселинова.