Македонија
5. May 2019 - 11:20

Излезеноста до 10 часот на гласачките места во Кочанско е околу осум отсто

На избирачките места во кочанскиот регион, три часа по почетокот на гласањето, излезноста за претседателските избори во просек изнесува околу осум отсто, што е слично на првиот круг.

Според податоците од Општинската изборна комисија, во Кочани до 10 часот гласале 2.458, односно 7,48 отсто граѓани. Инаку, запишани се 32.856 гласачи кои своето право на глас го остваруваат на 63 избирачки места.

Во Општина Виница од запишаните 17.136, до 10 часот гласале 8,26 отсто, во Чешиново-Облешево има 5.472 гласачи, а излезноста е 8,1 отсто.

Во Зрновци на гласачкиот список се запишани 2.549 граѓани, а гласале 9,6 отсто.

Општинските изборни комисии во четирите општини информираа дека сите избирачки места биле отворени навреме и гласањето се одвива без проблеми