Живот
14. March 2017 - 20:35

Излезе од автомобил држејќи паричник во рака, а полицаец го застрелал

Полицаец од американската држава Алабама е ослободен од обвинението за намерно пукање во човек кој држел паричник, а за кој мислел дека е пиштол. Иако инцидентот се случил во 2014 година, снимката е објавена пред неколку дена.

Федералниот апелационен суд ја поддржа одлуката на нижиот суд дека полицаецот Филип Хенкок се однесувал разумно кога пукал во американскиот ветеран Мајкл Дејвидсон во март 2014 година.

-По внимателно разгледување и преглед на видео-снимката од пукањето, заклучуваме дека секој разумен полицаец во позицијата на Хенкок би стравувал за својот живот, напиша тричлениот судски совет.

На снимката, патролната кола на Хенкок застануваат поркај патот, каде возилото на Дејвидсон и камион застанале од страна. Полицијата дошла на самото место откако е пријавено дека автомобилот на застреланиот човек удрил во задната страна од камионот.

Погледнете го видеото: