Македонија
17. February 2019 - 10:33

Излетал надвор од коловозот и се превртел - сообраќајка кај Кучевиште

Вчера во 16,00 часот на локалниот пат Кучевишка бара - село Кучевиште, Љ.У. (39) од село Кучевиште, скопско управувајќи патничко мотрно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот и се превртел.

Љ.У. е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди. 

Извршен е увид на местото на настанот.