Џет-Сет
16. September 2017 - 10:41

Излетаа градите на Ријана, а потоа доби илјадници навреди поради изгледот!

Ријана повторно се најде во центарот на вниманието а овојпат сите го коментираат нејзиниот изглед и стил на облекување.

Имено, пејачката пред неколку месеци драстично го промени изгледот, а тоа најдобро го покажуваат нејзините најнови фотографии снимени низ улиците на Њујорк. Во два наврата, Ријана е „уловена“ во благо кажано - чудни изданија.

Прво во дол црн фустан под кој не носи градник, па градите за малку не и испаднаа.

Неколку часа подоцна, пејачката е фотографирана за време на ноќна забава, а комбинацијата која ја носи предизвика лавина од коментари, односно критики како ли може ѕвезда од нејзиниот калибар да се облекува вака.

Под тренерките облече мрежести хулахопки од кои пак ѕиркаат гаќите – изборот не им се допадна на многумина, но Ријана сепак како и секогаш останува своја и единствена без оглед на злите коментари.