Македонија
4. January 2020 - 11:22

Излета возило од патот Ресен - Охрид, повредени возачот и сопатничката

Вчера во 09,15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Ресен – Охрид, А.А.(30) од Прилеп, управувајќи патничко возило „рено меган“, со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.А., а со телесни повреди се здобила сопатничката Е.С.(19) од с.Ропотово, прилепско, по што биле пренесни во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.