Македонија
10. February 2020 - 10:37

Излета возило од патот Дебар - Маврови Анови, возач тешко повреден

Вчера во 12.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Дебар - Маврови Анови, пред крстосница за с.Ростуше, товарно возило „ивеко“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Ф.(56) од с.Стримница, општина Желино, излетало од патот.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.