Македонија
20. February 2019 - 10:19

Излета автомобил од локалниот пат Хиподром-Илинден, едно лице доби тешки повреди

На 19.02.2019 година околу 22.40 часот на локалниот пат Хиподром – Илинден К.М.(33) од Скопје, управувајќи патничко возило „Пежо 306“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Т.И.(32), сопатничка во возилото, додека возачот се здобил со телесни повреди. Т.И. била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.