Македонија
22. May 2019 - 11:58

Излета автомобил кај Демир Капија - едно лице со тешки повреди

На автопатот Демир Капија-Миравци, кај место викано „Јаворица“, вчера во 19:40 часот товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка „кроне“, управувано од С. Ј. (37) од село Петровец, скопско, излетало надвор од коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот С. Ј, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Итна медицинска помош Неготино, од каде бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.