-->
-->
Излекуваните од Ковид-19 можат да останат носители на вирусот
-->
Луѓето кои се излекувани од новиот коронавирус можат да останат носители на Ковид-19 и треба да бидат повторно тестирани, изјави вирусологот и директор на Научно-истражувачкиот центар во францускиот град Бесанкон, Филип Хумбер.
– Може да се излекувате од вирусот, но се уште да го имате во носната шуплина и на тој начин да го ширите. Тоа се случува кај носителите на хепатитис Б и Ц. Ова значи дека може да имате антитела против вирусот, но во исто време и самиот вирус, истакна Хумбер на брифинг на Асоцијацијата на странски дописници на ОН во Женева.
Според последните податоци на Светската здравствена организација, досега во светот има над 22.000 починати лица од новиот коронавирус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи