Македонија
18. јуни 2016 - 13:39

Излегол и репетирал пиштол кон полицајците: Драма во Тетово

На булеварот Благоја Тоска во Тетово во 17 часот и 35 минути било запрено возило „БМВ“ со тетовски регистерски ознаки. Возилото не ја послушало наредбата на полицијата, туку продолжило кон Касарната Тетово. Од страна на патролата истото било сопрено, при што од совозачката страна излегло едно непознато лице и од торбичка која ја носело на појасот, извадило пиштол и веднаш со трчање го напуштило местото на настанот.

Од страна на полициските службеници возачот на возилото бил легитимиран и утврдено било дека се работи за 29-годишниот А.Б. од селото Мерово. Истиот бил приведен во Пполиција.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на другото лице.