Македонија
11. December 2016 - 19:25

Изјава на претседателот на ДПА Мендух Тачи

Претседател на ДПА  Мендух Тачи денеска гласаше на гласачко место 1961/1 во градинката „Младост“ во  Тетово.

Тачи по гласањето оцени дека полека се создава клима на добри избори и изрази надеж дека ќе нема поголеми проблеми до крајот на гласањето во 19 часот.

- Една добра вест досега Зајас, Осломеј и Кичево 1,5 отсто гласале. Нашите набљудувачи издржуваат, стотина луѓе се вратени назад кои сакаат по два три пати да гласааат, но апелирам до МВР и ДИК што побрзо да реагираат бидејќи инаку ќе имаме големи проблеми. Ние овојпат не сме во таква состојба да им овозможи оттаму да дојде 20 илјади спрема нула. Мислам дека полека се создава клима на добри избори. Се надевам дека до 19 часот нема да имаме поголеми проблеми, изјави Тачи.