Македонија
15. October 2017 - 19:57

Изјава на лидерот на БЕСА Биљал Касами по гласањето

Претседателот на движењето Беса Биљал Касами денеска по гласањето на изборите во Тетово истакна дека денес е голем ден за сите на кој имаме можност да избереме наши претставници во локалната власт.

- Се надевам дека ова ќе биде можност да се избере помеѓу едно минато каде локалната власт не ги исполни задачите поради што Тетово е еден од најнеразвиените градови, каде нема вода, чистота, каде улиците не се проодни, истакна Касами.

Изрази надеж дека имаме можност да избереме нова власт што ќе биде на ниво и ќе ги исполни задачите  и власт што ќе биде во служба на сите граѓани без разлика на припадноста.

Посочи дека имаат сознанија за нерегуларности во Чаир каде, како што рече, има некои инциденти  и се надевам дека органите на редот ќе ги извршат своите задачи и ќе им овозможат на граѓаните да ги изберат своите локални власти.