Македонија
18. јуни 2020 - 18:55

Изјава на Цветан Трипуновски за мерката зелена нафта за 2020

Денеска сум во посета на Крушевскиот регион, во мојата агенда имам предвидено да ги посетам Норово, Пресило и Бучим. На разговор со земјоделците околу актуелните проблеми и сите оние политики кои што во моментов се актуелни во земјоделскиот сектор. Накратко сакам да најавам и неколку работи кои што ќе бидат приоритет на идната влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ. Едноставно овие теренски посети коишто ги правам изминативе 6 месеци како технички министер за земјоделство е да ја следам ситуацијата директно од терен затоа што тука се и проблемите, тука се и решенијата.

Практично оваа комуникација во овој сектор е неминовна да биде на дневна основа. Денеска ќе разговараме за сите актуелни теми меѓу кои и тутунопроизводството за нареднава реколта која што е иста така една од битните теми, а како што знаете имаме во најава дека ќе се случат некои проблеми кои што не би сакал да ескалираат, едноставно сега во овој разговор да превенираме што би можеле да направиме во наредниот период.

Исто така се интерсираа луѓето околу мерката зелена нафта за 2020. Како што знаете јас пред неколку дена одржав и прес конференција, обелоденив дека министерството за земјоделство преку Владата на еден подмолен начин ја измени програмата и од предвидените 280 милиони денари кои што беа за оваа година предвидени, одзема 100 милиони денари и ги стави во ставката исплата на заостанати субвенции. Тоа практично од една страна значи дека таа таканаречена мерка зелена нафта доживеа колапс, а од друга страна Владата и ресорниот министер признаваат дека дупката во буџетот во делот на исплата на субвенции е огромна, така да ова е повеќе од жална ситуација што се случува во моментот, меѓутоа јас сум оптимист знам дека доаѓаат подобри времиња и за Република Македонија и за општина Крушево.

Минатата година за прв пат почнаа да реализираат мерката и беше предвидено 30% да имаат земјоделците картици на кои што ќе подигнат зелена нафта. Само за ваша информација околу 25% од земјоделците не ги подигнаа ланските картици затоа што со 500 денари да патувате 10 километри до најблиската бензинска пумпа, пред се ќе изгубите време, а нема да компензирате ништо во вашиот трошок. Оваа година планот на министерството и на владата на Зоран Заев беше да поддршката биде 50%. Меѓутоа сведоци бевме владата првин ја качи акцизата, сега гледаме кратење на средствата од 100 милиони денари за оваа ставка. Едноставно тотално фијаско во мерката зелена нафта. На земјоделците им требаат реални проекти и мерки кои што ќе имаат удел во нивното производство и ќе компензираат некаков губиток. Ова што се случува во моментот е чист популизам, купување гласови пред избори, а земјоделецот ќе остане без решени проблеми.