Живот
1. March 2016 - 17:40

Изгубив надеж за дете, a по 8-те спонтани абортуси…

Ќе ве запознаеме со Стефани Мерит – 38-годишна жена, која имала 8 спонтани абортуси во рок од 6 години.

Тие се случиле меѓу 9 и 12-а недела од бременоста.

Лекарите немале објаснување за спонтаните абортуси што за Стефани било уште поголем шок. Отишла каде ли не, при какви ли не специјалисти. Во еден момент лекарите се откажале и и соопштиле дека нема да може да има деца, без да дефинираат јасната причина.

Стефани има 18-годишен син од претходниот брак. Првиот спонтан абортус се случува кога била со својот прв сопруг, а потоа – со вториот, преживеала уште 7 абортусот по ред.

-Се помиривме. Нема да имаме наше дете и се обидувавме да продолжиме животот , вели Стефани.
Таа се откажала од идејата да има деца, но токму тогаш сфатила дека повторно е бремена и си рекла дека ова е последна шанса, која ја има. Зачнување било чиста случајност.

Целата  бременост и поминала во страв да не загуби и ова бебе. Единствено што можела  е да верува и да се надева дека се ќе биде во ред.

-Никој не можеше да се израдува за нас, бидејќи ние не можевме да се израдуваме за самите себе. Во секој момент го чекавме неизбежното “, вели Стефани.

Остатокот од текстот прочитајте го на најголемиот семеен портал во Македонија, Рингераја.мк