Македонија
26. July 2018 - 11:23

Изгубил контрола над возилото и удрил во столб за точење гориво - повредени две лица од Прилеп

Прилепчанец изгубил контрола над возилото и удрил во столб за точење гориво.Како што  информираат од полицијата, вчера  во 23:15 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола на место викано Беровци патничко моторно возило „Голф“ со прилепски регистерски таблици управувано од А.Т.(19) од с.Дреновци изгубил контрола над возилото и удрил во столб за точење на гориво и метален столб од бензиската пумпа.

Во незгодата возачот и сопатникот И.Т.(19) се здобиле со телесни повреди, додека сопатничката М.Т.(19) се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општата Болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.