Македонија
30. April 2019 - 10:44

Изгубил контрола над возилото и удрил во дрво, повредени две деца

Четириесетина минути по полноќ на улица „Кеј 9-ти Септември“ во Прилеп, 35-годишниот Н.Б. од Прилеп, управувајќи патничко возило „Сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во дрво.  

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле две деца сопатници на возраст од две и четири години и биле пренесени во Општата болница Прилеп каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа екипа од Полициската станица Прилеп.