Македонија
4. September 2018 - 10:28

Изгубил контрола и паднал на коловозот, млад мотоциклист повреден во Скопје

Вчера вечер во 20.30 часот на бул.„АВНОЈ“ во Скопје, К.А.(24) од Скопје управувајќи мопед „Пјаџо Тајфун“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Од падот возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле аекипа од СВР Скопје.